Седум причини зошто кафето е здраво

Кофеинот е најупотребуваната психоактивна состојка на светот, и тоа со добра причина – нѐ буди, помага да ги исполниме обврските и нѐ полни со енергија.

Луѓето, меѓутоа, често се грижат дали треба да го ограничат внесувањето на кофеинот или потполно да го исфрлат од употреба.

Иако премногу кофеин може да предизвика несоница, вознемиреност и забрзано работење на срцето, во повеќето случаи кафето всушност е блоготворно за здравјето.

Има многу продукти и напивки коишто луѓето би требало да ги консумираат во намалени количества. Специјализираниот портал Science Alert пишува зошто кафето не треба да биде на оваа листа.

 

Здравје на црниот дроб

Девет научни студии покажале дека кафето го намалува ризикот од цироза на црниот дроб. Една филџани кафе дневно го намалува овој ризик за 22 отсто, две за 43 отсто, три за 57 отсто, а четири дури за 65 отсто.

 

Болести на срцето

Ревизијата на повеќе од 200 истражувања за влијанието на кафето на срцето покажале дека луѓето коишто пијат три или четири филџани кафе на ден имаат 19 отсто помал ризик дека ќе починат од кардиоваскуларни болести.

 

Дијабетес од тип 2

Едно обемно истражување покажало дека секој дополнителен филџан кафе на ден е поврзан со седум проценти помал ризик од развој на дијабетес од типот 2.

 

Рак

Научната студија објавена во европскиот магазин за превенција од рак покажала дека пасионираните љубители на кафето, оние со најмалку три филџана кафе дневно, имаат 18 отсто помал ризик од развој на карцином на црниот дроб, едниометрија, усната шуплина, простатата и хранопроводникот.

 

Алцхајмерова болест и деменција

Мета-анализата на истражувањата за влијанието на кафето врз мозокот покажала дек љубителите на кафето имаат околу 16 отсто помал ризик дека ќе патат од Алцхајмеровата болест или од деменција.

 

Депресија

Големото истражување спроведено на 50.000 жени покажало дека еден филџан кафе дневно го намалува развојот на депресија за 15 осто а две до три филџана дневно, за 20 отсто.

 

Општа смртност

Големото истружување спроведено на половина милиони Европејци спроведена во текот на 16 години покажало дека мажите коишто пијат три или повеќе филџани кафе на ден имаат за 12 отсто помал ризик дека прерано ќе умрат од оние коишто не го пијат. Кај жените, пак, овој ризик е за седум проценти помал.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.