понеделник, 28 ноември 2016  |  Вести денес: 24

Седум самоубиствени напади на ИСИС во Рамади

Ирачката армија возвратила на нападите, а имала и поддршка од воздух од коалицијата предводена од САД.

Седум самоубиствени напади на ИСИС во Рамади

Седум самоубиствени напади на ИСИС во Рамади

Последни вести

Припадниците на екстремистичката Исламска држава презедоа самоубиствени напади во западниот ирачки град Рамади, соопшти денеска ирачката армија.

Генерал Ахмед ал Белави изјави дека ИД вчера извела седум самоубиствени напади во две предградија на Рамади.

Тој посочи дека има жртви на страната на владините трупи, но не наведе точна бројка.

Ирачката армија возвратила на нападите, а имала и поддршка од воздух од коалицијата предводена од САД.

Рамади беше ослободен во неделата. Градот беше под контрола на ИД од мај минатата година.

Најчитани вести