Седум ситуации кога жената не помислува на секс!

Здравиот сексуален живот е важен дел од животот, но колку често треба да имате сексулни односи тешко е да се дефинира. Колку често жената же има желба за секс е индивидуално, а постојат ситуации кога мала сексуална желба е сосема нормална и тогаш поради ниското либидо не треба да се загрижувате.

1. Треба да добиете месечен циклус

Менструалниот циклус на жените има големо влијание на нивното либидо. Пред овулацијата жената има голема сексуална желба, додека неколку дена пред циклусот желбата паѓа на минимум. Таа осцилација делумно се случува и поради флуктуацијата на хормоните, но на неа влиае и ПМС, односно периодот кога жената се чувствува раздразнета и заморена.

2. Бремена сте

Поради вообичаените мачнини и исцрпеност, најголем дел од жените не се чувствуваат посакувани во првото тромесечје, но сексуалниот апетит се враќа на почетокот на второто тромесечје.
Последните ти месеци од бременоста желбата повторно слабее, бидејќи стомакот станува се  поголем и се отежнуваат физичките активности. Но, ако и во второто тромесечје од бременоста не сте расположени за секс, стручњаците велат дека не треба да се грижите за тоа.

3. Пред менопауза сте

Во еден период пред менопауза некои жени чувствуваат константна сексуална возбуденост, но тој период не трае долго. Како што паѓа нивото на естрогенот и тестостеронот паѓа и желбата за секс.
Кога ќе се земат предвид високите летни температури, проблемите со спиење и ноќното потење, сосема е јасно дека незаинтересираноста за секс пред менопаузата е нормална.

4. Само што сте родиле или доите

Периодот по пораѓајот стручњаците го нарекуваат биолошки еномен. Сексуалнитее хормони тогаш се менуваат, односно се намалува производството на естроген поради што жените не се заинтересирани за секс, туку за зближување со детето. При доењето телото создава пролактин, хормон кој помага во производството на млеко, кој исто така може да го намали либидото кај жената. Тука се и недостигот на сон, осцилации во телесната тежина, стрес…

5. Многу сте зафатени и ангажирани

За да биде жената заинтересирана за секс мора да има време и да размислува за тоа. За разлика од мажите чие либидо го управуваа хормоните, емоциите кај жената имаат важна улога кога станува збор за сексуалната желба. Според тоа, нормално е да немаат потреба за секс ако работат на некој голем деловен проект, ако се под притисок или ако се преокупирани со друг работи.

6. Земате контрацепција

Контрацепцијата која се зема орално може да го намали нивото на ндрогените хормони, каде што спаѓа и тестостеронот, кој ја одредува сексуалноста и кај мажите и кај жените.

7. Минувате низ голема животна промена

Купување стан, нова работа, деца кои поаѓаат во школо, па дури и влегување во брак, може да бидат „виновници“ за опаѓање на либидото. Проблемот може да се реши со доволно одмарање, вежбање и здрава исхрана.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.