Седум сообраќајки во Скопје

скопје

Сообраќајната полиција открила и санкционирала тројца возачи кои поминале на црвено светло на семафор, двајца возачи не отстапиле првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, како и 10 возачи кои го управувале возилото без возачка дозвола, односно нерегистрирано.

Затекнати се и 52 непрописно паркирани возила и девет пешаци кои поминале вон обележан пешачки премин, односно поминале на црвено светло на семафор.

Со помош на  специјалното возило „пајак“ отстранети се 63 возила.

Во рамките на проектот „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“ денеска Одделението за превенција при СВР Скопје ќе реализира едукативни работилници во ООУ„ Ацо Шопов“ во општина Бутел.