Седум сообраќајки на подрачјето на Скопје

Сообраќајната полиција извршила увид на вкупно седум сообраќајни незгоди во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Град Скопје.

Од нив, две се со последица материјална штета и пет се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле тројца возачи на патничко моторно возило, еден сопатник и еден пешак.

Во текот на вчерашниот ден сообраќајната полиција открила и санкционирала 25 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење. Четиринаесет возачи кои го користеле мобилниот телефон или не го користеле сигурносниот појас за време на управување со возилото, 12 возачи кои го управувале возилото со изминат рок на важноста на сообраќајната дозвола, како и пет возачи кои го управувале возилото со неисправни уреди, односно констатирана е неисправност на уредот за сопирање.

Со помош на специјалното возило „пајак“ во текот на изминатиот ден од страна на сообраќајната полиција отстранети се 62 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

Денеска Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај при СВР Скопје ќе одржи едукативни предавања во ОУ „7 Март“ кое се наоѓа на територијата на општина Чаир со учениците од второ одделение.

За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива.