Седум турски офицери осудени на доживотни казни затвор поради обидот за пуч

Суд во Истанбул осуди седум армиски припадници на доживотен затвор поради вмешаност во минатогодишниот неуспешен обид за преврат во државата.

Сите беа прогласени за виновни по обвиненија за уривање на уставниот поредок во нараните од 15-ти јули 2016 година, пренесува CNNTurk.

Петмина од нив добија по уште 200 години затвор секој од нив, а другите двајца по 166 години и осум месеци. Медиумот јави дека армиските лица во текот на обидот за воен преврат окупирале логистички центар во Истанбул и џамија.

Турската Влада смета дека организатор на обидот за пуч е исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен кој од 1999 година живее во доброволен егзил во САД. Вашингтон одбива да го екстрадира во Турција, поради што се влошени односите со овој значаен американски сојузник во НАТО.