петок, 26 мај 2017  |  Вести денес: 21

Седум турски војници загинаа во два напада на ПКК во Турција

Нападот е извршен со детонирање на експлозив кога крај него минувало воено возило во округот Ширнак.

132414121

Последни вести

Петмина војници се убиени, а осуммина други се ранети денеска во југоисточниот турски округ Ширнак при напад на припадници на Курдската работничка партија (ПКК), соопштија безбедносни извори.

Според истите извори, нападот е извршен со детонирање на експлозив кога крај него минувало воено возило во округот Ширнак.

Бунтовниците од ПКК убиле уште двајца турски војници во напад крај градот Кулп во округот Дијарбекир.

Во регионот биле испратени воени единици за пронаоѓање на група напаѓачи.

Гувернерот на Дијарбекир претходно прогласи 24-часовен полициски час во 13 села во близина на Кулп и во други два града во округот, во кое мнозинството од населението се Курди.

Најчитани вести