Седум турски војници загинале во саботата во северна Сирија

Седум турски војници загинале во саботата во северна Сирија, меѓу нив пет во тенковски напад, во операцијата против силите на сириските Курди коишто Анкара ги смета за терористи, а се сојузници на САД, соопшти турската армија.

Во саботата турската војска ги претрпи најголемите загуби од почетокот на офанзивата „Маслиново гранче“ којашто Турција ја покрена против курдската милиција со помош на сириските бунтовници кои ги поддржува Анкара.

Пет војници биле во оклопно возило кое е погодено на североистокот на регионот на градот Африн, се наведува во армиското соопштение. Претходно извести а загинување на еден војник во судир со курдски борци и уште еден во напад на регионот Килис, на самата турска граница. Турската војска соопшти дека возвратила со воздушни удари во кои се уништени засолништа на курдските сили и складишта на оружје.

По саботните загуби, во офанзивата започната на 20-ти јануари поради потиснување на курдската милиција Единици за заштита на народот (YPG), кои се сојузници на САД, загинаа 14 турски војници.

За Анкара YPG е сириски огранок на забранетата Работничка партија на Курдистан (PKK) којашто во Турција, САД и ЕУ се сметаат за терористичка организација и која од 1984 година води крвава герилска војна на турска територија.

Турските градови на границата со Сирија од почетокот на сирискиот конфликт често се цели на ракетни напади, а од 20-ти јануари во таквите напади загинаа седум цивили а стотина се ранети, за кои Турција ги обвинува YPG.

Според Анкара, во двете седмици од офанзивата убиени се повеќе од 900 курдски борци, што не е возможно да се потврди од независни извори.

Околу 15.000 жители на градот Африн побегнаа пред судирот во други делови од регионот, а околу илјада се засолнале во соседната покраина Алепо соопшти заменичката на секретарот на ОН за хуманитарни прашања Урсула Милер. Анкара најави дека е моќна офанзива врз градот Африн следните денови

Турција, како и другите земји не ја прифаќаат пред две години прогласената автономија на Курдите во северна Сирија, стравувајќи дека курдските заедници во регионот ќе се обидат да се обединат во една држава.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.