Свет

Седум убиени во близина на Калифорниски колеџ

Седум убиени во близина на Калифорниски колеџ

Седум лица се убиени, а седум се ранети во престрелка во близина на колеџот „Санта Барбара“ во јужниот дел на американската сојузна држава Калифорнија.

Шерифот на округот Санта Барбара го опиша пукањето во гратчето Исла Виста во близина на кампусот на Калифорнискиот универзитет како „масовно убиство од вооружен напаѓач“.

Напаѓачот, кој возел црно возило стрелал врз пешаци на неколку локации во градот. Убиецот загинал како последица на прострелна рана во главата, но се’ уште не се знае дали тој се самоубил , или е убиен од некој друг.

Според полициски извори во инцидентот кој се случил ноќта кон саботата повеќе лица од автомобил во движење пукале врз група луѓе во Исла Виста веднаш до универзитетскиот кампус.

Околностите за настанот не се сеуште јасни, иако се знае дека полицијата обезбедила четири различни места на злошинот. Овој дел од градот е познат по многубројните забави кои често се претвораат во насилни инциденти.