Седум украински војници загинаа во последните 24 часа

Портпаролот на украинската армија, Владислав Селезњов денеска соопшти дека седуммина украински војници се убиени, а 24 се повредени во последното деноноќие во борби во источниот дел на Украина.

Борбите во овој дел од земјата се најтешки од постигнувањето договор за прекин на огнот во септември минатата година. Проруските сепаратисти започнаа офанзива врз пристанишниот град Мариупољ и се заканија дека ќе го опколат градот Дебалцево, каде според Селезњов, се водат најжестоки борби.

Конвој возила на руското Министерство за вонредни ситуации со хуманитарна помош за Донбас ќе тргне утре од Московската кон Ростовската област.

Според соопшетнието, тоа е само дел од конвојот, наменет за областите Доњецк и Луганск, кој целосно ќе се формира цо Ростовската област.