Седум здрави предлози за ужина на работното место

Кога на работното место ќе дојде време за ужина вие можете да посегнете за вашата омилена калорична чоколада или за грицки, но можете да изберете и нешто поздраво. Еве седум предлози за здрава ужина што треба да ја имате на вашата работна маса.

  1. Кикирики или путер од кикирики

Кикириките се едни од омилените здрави грицки. Освен што го убиваат гладот, кикириките го поттикнуваат помнењето и се добри за концентрација. Ви предлагаме да се одлучите за неизлупени кикирики затоа што во нив нема дополнителни маснотии и сол.

  1. Црна чоколада

Црната чоколада како една од здравите десерти би требало секогаш да биде во вашата чанта. Истражувањата покажаа дека црната чоколада може да го подобри расположението затоа што влијае на хормонот за среќа. Кога денот ви е лош на работното место, кога колегите или шефот ќе ве изнервираат, земете една коцка црна чоколада и уживајте.

  1. Пуканки

Овие заразни и сјајни грицки може да ви станат совршена ужина. Во пуканките има многу малку калории, а може да ви го убие гладот и да ви пружа енергија.

  1. Бадеми и ф’стаци

За да ја надокнадите енергијата што ја губите во текот на работниот ден потребно е да внесувате протеини, а во тоа може да ви помогнат бадемите и фќстаците. Иако се здрави овие грицки се мошне калорични па затоа потрудете се да ја ограничите вашата порција.

  1. Суво овошје

Многу е подобро на вашата маса да имате суво овошје отколку грицки, како што се крекерите, чипсот или бисквитите. Сувото овошје како што е аронијата, бананата или кајсиите се совршен начин за ужинка ако цел ден сте во движење.

  1. Јаболко

Ова рајско овошје што е мошне хранливо можете да го носите во чанта со вас. Докажано е дека јаболкото е природна четкичка за заби затоа што ја трга храната од забите, а помага и за полесно губење на килограмите.

  1. Овошен јогурт

Овој калоричен, но вкусен пијалак може да ви помогне да ја обновите енергијата на работното место. Постојат овошни јогурти што ви помагаат при слабеење, а со нив можете да помешате и некој вид снегулки, како што се овесните на пример, и вашата ужина ќе биде подготвена.