Седум здрави работи кои ги фрламе

Познато е дека одредени делови од овошјето и зеленчукот при чистење редовно ги фрламе. Иако во повеќето случаи не грешиме, постојат неколку примери каде тоа што 99 отсто од луѓето го фрлаат, сепак, е многу вредно.

Проверите дали и Вие правите некоја од овие грешки…

Семки од диња

Овие семки обично се првата работа што ја фрламе кога ја отвораме дињата, но тие се полни со протеини, влакна, витамин Е и магнезиум. За да бидат вкусни, испечете ги во рерна и прелејте ги со маслиново масло.

Корката од кромид

Оваа крцкава лушпа е богата со кверцетин, состојка која го намалува крвниот притисок и помага во одржување на имунитетот. Корката можете да ја искористите така што ќе ја уфрлите во гулаш или вариво, а потоа ќе ја извадити пред сервирање.

Корка од лубеница

Корката од лубеница е богата со аминокиселината цитрулин, која може да го подобри вашиот крвоток. Уфрлете ја корката во цврст, поквалитетен блендер, заедно со меснатиот, црвен дел што инаку го једете, со јагоди, и малку сок од портокал. Ќе добиете освежувачки смути.

Листовите од брокула

Овие меснати листови се троен добиток, бидејќи се богати со витамин А, витамин Ц и калцијум. Исецкајте ги и ставете ги во тава со другиот зеленчук и остатокот од брокулата.

Врвот на целер

Верувале или не, овие листови се исклучително вкусни и полни со магнезиум, што  помагаат во изградбата на мускулите, потоа со калциум што ќе ви ги зајакне коските, и со витамин Ц. Подгответе га како било кој дриг лиснат зеленчук, односно додајте ги во пилешка супа или супа од зеленчук.

Корка од портокал

Веќе знаете дека одлично мириса, но веројатно не сте знаеле дека освен тоа е богата со влакна кои благотворно делуваат врз вашиот дигестивен тракт, а и со витамин Ц што ќе Ви го крене имунитетот. Најубава ќе биде доколку ја изрендате врз пилешко или риба.

Стебленца од блитва

Доколку налетате на блитва која има виолетово-црвени стебленца, знајте дека е богата со каротеноиди кои делуваат како антиоксиданси кои се вистински борци против болестите. Исто така, полна е со витамин К, важна состојка која ќе го зачува здравјето на коските. За Вашето непце да ужива,  динстајте ги стебленцата со печурки и лук, и уживајте во вкусниот прилог, препорачува „Њујорк пост“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.