Седум земји-членки на ЕУ, сакаат Албанија да добие статус на кандидат-член

Седум земји-членки на Европската унија инсистираат Албанија да добие статус на кандидат-член.

Земјите што сакаат Албанија да добие статус за кандидат-член се: Бугарија, Италија, Австрија, Унгарија, Хрватска, Естонија и Ирска.

Воздржани по ова прашање биле: Германија, Франција, Велика Британија, Данска и Холандија. Најмногу сомнежи имала Холандија, каде Парламентот побара од Владата да стави вето на ваквата одлука.