Седум жртви, меѓу кои има и деца, во пукотница во Џорџија

Седум лица биле застрелани, од кои петмина смртно, откако вооружен напаѓач отворил оган на улица во Даглас Каунти, западно од Атланта.

Локалната полиција соопшти дека меѓу жртвите има и деца и дека напаѓачот се застрелал и бил однесен во болница.

 Некои од жртвите му биле роднини на пукачот. Една жена, за која соседите рекле дека е сестра на напаѓачот, била слушната како вика: „На брат ми не требаше да му дозволат да има оружје“.

Шерифот на Даглас Каунти за АП изјавил дека пукањето се случило во Дагласвил околу 15 часот во саботата. Вознемирените жители се јавиле во полиција кога напаѓачот почнал да пука кон луѓето на улица.