Седум знаци дека вашето тело e полнo со отрови

Главоболки

Хроничните главоболки што секогаш се враќаат може да алармираат на прекумерна количина на токсини во телото. Задржувањето на токсините е една од најголемите причини за главоболка и мигрена. Треба да се знае дека во текот на процесот на детоксикација може да се влошат главоболките, но откако детоксикацијата ќе заврши, треба целосно да исчезнат или барем значително да се намалат.

  1. Проблеми со кожата

При отстранувањето на токсините од телото помага и најголемиот орган во нашето тело, кожата. Ако главните органи за отстранување на отровите не работат како што треба, тогаш на помош доаѓа кожата. Дека телото се обидува да се исчисти од токсините може да се прпознае и по необичните состојби на кожата, како што се осип и мозолчиња или акни. Многу проблеми со кожата укажуваат на тоа дека на телото му треба чистење.

  1. Жолт или бел јазик

Јазикот е важен индикатор за откривање на токсините во телото. Храната што содржи токсини може да ја наруши деликатната слуз на дигестивниот систем вклучувајќи го и јазикот. Ако на површината на јазикот е видлив бел или жолт слој, речиси е сигурно дека  дигестивниот систем се бори против токсините.

  1. Масно ткиво во пределот на стомакот

Отровите, кои ги консумираме преку храна и пијалок, и токсините што го дишеме може да предизвикаат насобирање на телесните масти на стомакот. Ова се случува затоа што многу отрови, што остануваат во телото се во абдоменот и остануваат таму. Тие може да се отстранат само со детоксикација.

  1. Чувство на топлина

Еден од природните начини на кој телото го отстранува хемискиот отпад е потењето. Кога во телото има премногу токсини, тоа ќе се „прегрее“ во обид да ги исфрли преку потта, па поради тоа постојано се чувствувате дека ви е топло дури и кога е ладно надвор.