Седумдесет години од конституирањето на Врховниот суд на РM

По повод 70 годишниот јубилеј од конституирањето на Врховниот суд на Република Македонија, во вторник во големата сала на Врховниот суд на Република Македонија – 1-ви кат,  ќе се одржи одбележување на  Денот на правосудството.

Во рамки на одбележувањето Претседателот на Врховниот суд на Република Македонија ќе го промовира на јавноста издавањето на Збирката на судски одлуки 2004-2014 на Врховниот суд на Република Македонија и воедно Здружението на судиите на Република Македонија ќе го промовира на јавноста Кодексот за судиска етика на судиите во Република Македонија донесен од Собранието на Здружението на 20.6.2014 година.