Седумдесет отсто од пациентите задоволни од работата на лекарите во болницата во Струмица

Седумдесет отсто од пациентите на Општа болница- Струмица се задоволни од работата на лекарите и нивниот начин на пристап и заинтересираноста кон нивната состојба. Висок е процентот и на испитаниците кои се задоволни од хигиената и општата услуга.

Во струмичката Општа болница досега се направени 268 кардиоваскуларни интервенции. Општата болница од јануари годинава е побогата со ангинограф. Лекарите велат дека ангинографите важат за апаратури кои ги има само во клиничките болници, а пациентите од регионот веќе го имаат и во Струмица. Направените инетрвенции значат и спасени човечки животи, пациентите не мора да се транспортираат до Скопје, пренесува Канал 5.

Опремувањето на Општа болница- Струмица со ангинографот е само дел од опремата која болница ја доби, а ја има речиси во повеќето одделенија однсно на очно, гинекологија, интерно, хирургија и други. Во Струмичката општа болница се лекуваат пациенти не само од градот туку од сите општини кои гравитираат Валандово, Гевгелија, Радовиш.

Од раководството велат дека за доброто на пациентите болницата заедно со министерството за здравство ќе продолжат во доопремување но и најважно од се нови специјализации на лекарите од повеќе области.

Министерството за здравство спроведе анкета на пациенти кои се лекуваат во болницата во повеќе области. Главната цел беше да се увиди дали и колку пациентите се задоволни од генералното функционирање на болницата.

Резултатите покажуваат дека 70 отсто од пациентите на Општа болница- Струмица се задоволни од работата на лекарите и нивниот начин на пристап и заинтересираноста кон нивната состојба. Висок е процентот и на испитаниците кои се задоволни од хигиената и општата услуга.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.