Седумдесетгодишен параглајдерист загина во прилепско

Седумдесетгодишниот Д.В.А.Х. од Швајцарија го загуби животот откако со параглајдер паднал во прилепско.

Несреќата информираат од МВР се случила кај прилепското село Мажучиште кога од засега непознати причини параглајдеристот паднал и починал на лице место.

По наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.