Крими хроника

Разбиена банда шверцери на дрога, уапсени петмина Седумдесетгодишник од Тетово со камион шверцувал 129 килограми марихуана

Седумдесетгодишник од Тетово со камион шверцувал 129 килограми марихуана

Полицијата уапсила петмина македонсски државјани кои шверцувале кокаин од Белгија и марихуана, информираше МВР. Шестиот член на групата е уапсен во Србија, каде е во притвор од лани.

Во текот на 2017 година на територија на Србија беа запленети близу 129 килограми марихуана, како и 440 грама кокаин и 1,3 килограми смеса за мешање (фанацетин и манитол), кои оваа група сакала да ги транспортира до Република Македонија и Република Србија, рече портпаролот на МВР Тони Ангеловски.

Според него, по низата оперативни мерки и активности, вчераврз основа на наредба на Судија на претходна постапка извршни се три претреси на локации на подрачје на Тетово и четири претреси во Прилеп  со цел лишување од слобода на лицата припадници на групата, и дополнително обезбедување материјални докази околу организираните транспорти на кокаин и марихуана.

Во рамки на криминалистичкото истражување обезбедени се докази за два транспорти на дрога и остварена е соработка помеѓу МВР и ЈО на Македонија и Србија. Во првиот случај утврдено е дека лицата Н.Д. (33) во Прилеп и Б.Е. (43) во Тетово, во текот на септември минатата година од лице од Белгија набавиле околу половина килограм кокаин по цена од 25.000 евра и смеса за мешање. За таа цел организирале транспорт при што кокаинот го сместиле во автомобил „мерцедес“ со белгиски регистарски ознаки, со намера да го пренесат од Белгија до Македонија, велат од МВР.

На 23.09.2017 година на излез од Србија на Граничниот премин „Прешево“, од страна на српски полициски и царински службеници сопрен е „мерцедесот“ што го управувал Н.Д., кој им избегал на полицајците и успеал нелегално да ја премине границата и да влезе во Македонија. По извршен преглед на возилото пронајдени се два пакети наркотична дрога кокаин со вкупна маса од 440 грама и смеса за мешање.

Паричните сретства за набавка на кокаинот по инструкции од Н.Д., се префрлени од страна на Е.А. (35) од Прилеп, за лицето од Белгија. Во рамки на вториот случај, пак, утврдено е дека тетовецот  Ј.И. (41)  набавил марихуана, ја складирал на територија на Косово, по што заедно со  А.М. (53) од Тетово ја сместиле во камион. Притоа Ј.И. го ангажирал  И.И. (70) од Тетово, да изврши транспорт на марихуана за одреден паричен надомест од Косово до Србија. Српската полиција на 20.12.2017 година во близина на Владичин Хан го сопрела камионот со тетовски регистарски ознаки управуван од пензинерот од Тетово. Полицијата по извршениот претрес, во резервоарот за гориво и филтерот за воздух пронашла 131 пакувања со близу 129 килограми марихуана- велат од МВР.

МВР ќе поднесе кривична пријава против  Н.Д., Ј.И., А.М., Е.Б., и И.И. за сторено кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, а за Е.А. за помагање на истото кривично дело.