Седумгодишно дете загина во струмичко

Дете загина во трагична несреќа вечерва околу 18:30 часот во струмичкото село Куклиш.

Седумгодишниот Ване Милушев загинал паѓајќи од предниот браник на тракторот со кој управувал неговиот татко.

Ване биле прегазен од тракторот и со тешки повреди веднаш бил префрлен во Медицинскиот центар во Струмица.

За жал лекарите немале ниту можност да се обидат да му помогнат бидејќи тој починал на патот кон болницата.