Свет

Седумгодишно девојче преживеа авионска несреќа

Седумгодишно девојче преживеа авионска несреќа

Седумгодишно девојче успеало да преживее авионска несреќа во која загинало целото нејзино семејство и сама да стигне до најблиската населба, каде ја пријавила несреќата.

Според властите во американската сојузна држава Кентаки полицијата го пронашла леталото Пајпер ПА 34 во кое имало четири тела.

Контролорите изгубиле контакт со леталото откако пилотот пријавил механички проблеми. Половина час подоцна жител на Лион Каунти, во полиција пријавил дека босоного и раскрвавено девојче заѕвонило на неговата врата.

-Тоа девојче само излегло од авионот и успеало да ја пронајде најблиската населба и да ја пријави несреќата, изјави полицискиот наредник Дин Петерсон.

Тој додаде дека семејството патувало од Илиноис кон Флорида но се урнале во шума во близина на Лион Каунти.

Полицијата не го објави идентитетот на седумгодишното девојче, ниту нејзината врска со загинатите во авионот.