Седумгодишно дете прегазено во Бутел

бутел

По незгодата возачот со истото возило го пренел пешакот-дете до амбулантата во Бутел, по што го напуштил лице местото, а повреденото дете со возило на брза помош било пренесено во ГОБ „Св.Наум Охридски“, каде биле констатирани тешки повреди (скршена лева клучна коска на рамото) и по укажаната лекарска помош е пуштено на домашно лекување, се наведува во полицискиот билтен.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.