Крими хроника

Седумина повредени во тешка сообраќајка кај Велес

Седумина повредени во тешка сообраќајка кај Велес

Седум работници од Кавадарци се повредени во сообраќајната несреќа која се случила вчера околу 17 часот на автопатот на делницата Велес – Градско, кај селото Виничани.

Комбето со кое се превезувале работниците се превртело и излетало од патот, додека  работниците од Тетово се враќале дома во Кавадарци.

Тројца од нив се потешко повредени и однесени во Клиничкиот  Ургентен центар, а четворица се пуштени на домашно лекување.