Седуммина џихадисти на обвинителната клупа во Париз

Седуммина џихадисти на обвинителната клупа во Париз

Седум од вкупно десет млади стразбуржани се најдоа денеска пред судот во Париз, јавува дописникот на МИА.

Двајца од десеттемина беа убиени во Сирија, а третиот – Фуад Мохамед Агад беше еден од терористите во Батаклан на 13 ноември 2015.

Според адвокатот на еден од обвинетите, сите се радикализирале на интернет:Станува збор за млади кои не можат да си го најадт местото во француското општество.

На седумтемина им се суди, откако по нивното враќање од Сирија во мај 2014 беа уапсени од француската полиција. Меѓу обвинетите се наоѓа и братот на еден од терористите од 13 ноември, Карим Агад. Пред француските истражни органи сите тврдат дека заминале во Сирија во хуманитарна мисија. Нивното тврдење е побиено од нивните фотографии на кои се гледаат со оружје в раце. Сите се обвинети за злосторничко здружување со цел да подготвуваат терористички акти.

Имињата на седумтемина се наоѓаат во досието „Даеш Ликс“ објавено во март од британскиот тв канал Скај Њуз.

Најмалдиот од бандата Фуед Мохамед-Агад, не се врати со нив во Франција, тој останал во Сирија, каде му се приклучила неговата идна сопруга. Тој се вратил во Франција во есента 2015, а убиен е при терористичкиот напад на 13 ноенври во Батакална од експлозијата на неговиот експлозивен појас.