Седуммина повредени при принудно слетување на американски авион

Американски авион со 203 патници принудно слета на аеродромот на канадскиот остров Њуфаундленд во Атланскиот Океан поради силни турбуленции, при што седум лица се повредени и хоспитализирани.

Авионот „Боинг-767“ на авиокомпанијата „Американ ер“ летал на релација од Мајами, во американската држава Флорида, кон италијанскиот град Милано.

Портпаролот на авиокомпанијата изјави дека ниту еден од повредените не се наоѓа во животна опасност.

Турбуленциите започнале во момент кога се вклучил сигналот за врзување на заштитните појаси.

Патниците ноќта ќе ја поминат на островот во градот Сент Џон, по што ќе се одлучи како да го продолжат патот кон Милано.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.