Седуммина повредени во сообраќајка кај Катланово

Во 14 часот се случи сообраќајна несреќа на патот Скопје-Велес кај Катланово.Од МВР за Нетпрес ја потврдуваат информацијата и информираат дека во несреќата учевствувале мерцедес со велешки регистерски таблички и голф со странски таблички.

Во несреќата повредени се седум лица, од кои четворица кои се возеле во голфот, и тројца кои биле во мерцедесот.

Шестмина се пренесени во Велешката болница, а еден патник е донесен на Ургентен центар во Скопје.

Прекин на сообраќајот нема, увидот е во тек.