Седуммина повредени во удар на гром во САД

Седум лица се повредени кога гром удрил врз паркинг во близина на стадионот во градот Тампа, во американската сојузна држава Флорида, соопшти противпожарната служба од овој град.

Повредените се префрлени во локалната болница, јавија американските медиуми.

Портпаролот на противпожарната служба, Џејсон Пени, изјави дека громот никого директно не го удрил, но дека од силината на ударот повеќе лица паднале на земја.

Никој од повредените не претрпел повреди опасни по животот, наведуваат американските медиуми.