Седуммина загинаа во стампедо на опозициски митинг во Пакистан

Седуммина приврзаници на некогашниот познат играч на крикет а сега опозициски политичар Имран Хан загинаа, а 40 се повредени во стампедо на еден антивладин митинг во централен Пакистан, соопштија денеска официјалните лица.

Митингот во рамките на кој Хан одржа говор, беше готов кога луѓето одеднаш сакале да излезат низ една капија на стадионот. Хан го напуштил стадионот пред инцидентот.

Според полицијата, на митингот присуствувале повеќе од 40 илјади луѓе.