Седуммина загинати, 1.000 повредени во снежна бура во Јапонија

Во снежната бура што ја погоди цела Јапонија и донесе најобилни снежни врнежи во последните две децении, досега најмалку седум луѓе загинаа, додека околу илјада се повредени.

Снежната бура стигна во Токио вчеера и покрај останатот сериозно го загрози одржувањето на денешните избори за градоначалници. Висината на снежната покривка во Токио изнесува 27 сантиметри, што не се случило во изминатите 45 години.

Ширум Јапонија утрово без струја останале повеќе 20.000 домаќинства, само утрово се откажани 300 авионски летови.
Јапонскиот медиуми наведуаваат дека повеќе од 3.200 сообраќајни несреќи се предизвикани од лошите временски услови на патот и дека стотина лица се повредени во инцидентите предизвикани од снежната бура.

Се очекува денеска снегот на продолжи да вее во Токио, па надлежните служби ги повикаа граѓаните да не излегуваат надвор доколку не им е неопходно.

Поради снегот затворени се аеродромите во Хирошима и Кагави на западот. Покрај тоа, јапонските железници привремено ги запреле брзите возови „Шинкасен“ на западот на Јапонија, што ги наруши плановите на повеќе од 100.000 патници , објавуваат тамошните медиуми.