Македонија,Крими хроника

Седумнаесет сообраќајки во Скопје за 24 часа

Седумнаесет сообраќајки во Скопје за 24 часа

Седумнаесет сообраќајни несреќи се случиле вчера на подрачјето на град Скопје. Пет од несреќите поминале со материјална штета, додека во 12 од нив има повредени лица.

Со полесни повреди се здобиле осум возачи на моторни возила, двајца сопатници, двајца велосипедисти и еден возач на товарно возило.

Вчера полицијата „фатила“ и седум пијани возачи, 11 коишто не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, четворица возачи не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосниците, 22-ца возеле и по истекот на важноста на сообраќајната дозвола, како и без возачка дозвола, а 20 возачи ќе бидат казнети затоа што зборувале на мобилен телефон или, пак, возеле без безбедносен појас.