Седумнаесет тела извадени од под лавината на Монт Еверест

Седумнаесет жртви од лавината која погоди дел од базниот камп на Монт Еверест по силниот земјотрес кој вчера го погоди Непал.

Шеесет и едно лице е рането од снежната маса, која затрупа дел од базниот камп, изјави Анг Шеринг Шерпа, претседател на Непалската алпинистичка асоцијација.

Според него поради невремето едвај денеска од Катманду долетал првиот хеликоптер за да ги земе ранетите од кампот.