Седумнаесет убиени по литургија во Нигерија

Непознати напаѓачи убиле седумнаесет луѓе по завршување на првата годинешна литургија во јужна Нигерија, соопштија во вторникот локалните власти.

Функционер на локалните власти Оси Олиса изјавил дек во вторникот дека напаѓачите пукале врз луѓе коишто присуствувале на литургија во градот Омоку во понеделникот утрото.

„Станува збор за неселективен напад, пукале врз сите на коишто наишле на патот пред да побегнат“, изјавил Олиса.

Сѐ уште никој не ја преземал одговорноста за нападот, но сомнежите се на вооружената групација за којашто се верува дека стои зад грабнувања и убиства во таа област каде вооружените групи заработуваа од откупнини.

Екстремната џихадистичка група Боко Харам со години ја тероризира североисточна Нигерија и нејзините погранични области, а само во текот н минатата година убила над пет илјади жители во оваа област во којашто живеат доминатно муслимани во по речиси половина поделеното 180-милионско вкупно нигериско население на муслимани и христијани. Досега во нејзиниот бунт од 2007 година се убиени повеќе од 20.000 луѓе а милиони се раселени. Но оваа рупа досеган не презема одговорност за ниеден напад на мнозинскиот христијански југ на земјата.