Седумнаесет убиени во пукање во училиште на Флорида

Според првичните информации, во вооружен инцидент во средно училиште во јужна Флорида, загинале 17 лица, а најмалку 20 други се повредени.

Сите биле ученици во средното училиште „Маџори Стоунмен Даглас“ ов областа Паркланд, а полицијата го приведе 19-годишниот Николас Круз. Тој е поранешен ученик во училиштето, но се претпоставува дека мотивот за трагедијата било одмазда. Круз бил исфрлен минатата година поради недолично однесување. При претресот во неговиот дом, полицијата пронашла списанија за оружје.

Неговите соученици сведочат дека тој неколку пати бил одбиван од девојки, додека учел во училиштето и затоа го одбрал вчерашниот ден Свети Валентин за да се одмазди поради одбивањето и исфрлувањето. Според сведочењето на учениците, пукањето започнало на третиот кат, а оние кои не успеале да се спасат, биле пронајдени откако ФБИ упаднало во училиштето. Николас бил приведен, додека се обидувал да избега со останатите ученици, а дел од нив забележале дека под мантилот носи оружје. Тој бил приведен и не пружил отпор. Засега се чека итниот балистички извештај и резултатите од обдукцијата на сите убиени. Во тек се прегледувањето на сите снимки од училиштето и од целата област пред пукањето, како и од сите продавници за оружје. Оружјето со кое пукал е полуавтоматска пушка АР 15, која е пронајдена кај него.

Меѓу убиените, повеќето се ученици, и мал дел од персоналот. Си Ен Ен го објави и видеото снимен од ученик во кое се слуша како осомничениот насилно ги отвара вратите од училниците, вика по учениците, а потоа отвара оган.

Според полицијата, Круз носел гас маска и фрлил и гасни бомби за да ги измами учениците да излезат, по што ги застрелал. Дел од повредените се во критична состојба, а директорот училиштето, Роберт Ранси, изјави дека осомничениот не бирал врз кого пука и бил вооружен со неколку рамки на куршуми. Областа Парклан е целосно опколена, а евакуирано е и основното училиште кое се наоѓа во непосредна близина.

Претседателот на САД Доналд Трамп, е известен за случувањата, соопшти Белата куќа и се очекува и негова официјална изјава. Конгресменот од Флорида, Марко Рубио, изјави дека ја следи оваа, како што ја нарече, „ужасна ситуација“ во општината Бровард. Гувернерот Рик Скот, изјави дека најитно ќе се спроведе мерка со која ќе се спречи внесување на оружје во сите јавни установи. Тој веднаш по прес конференцијата, ги посети повредените.

Шефирот Скот Израел, ги потврди информациите за апсењето на осомичениот, но и дека истрага се проширува на минатото на Круз. Државата Флорида ќе ги подмири сите трошоци за лекувањето на повредените и нивното закрепнување, како и погребот на загинатите. Досега се идентификувани 12 од загинатите и нивните имиња ќе бидат соопштени денеска.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.