Балкан

Седумнаесет загинати во Република Српска, утре Ден на жалост

Седумнаесет загинати во Република Српска, утре Ден на жалост

Република Српска, за утре, 20.05.2014 година, прогласи Ден на жалост, по информацијата дека 17 лица од оваа држава загинале во поплавите кои измантите неколку денови го зафатија Балканот.

„Во Република Српска 17 лица се водат како жртви на поплавите. Тоа е причината зошто прогласуваме Ден на жалост“, рече министерот за внатрешни работи, Радислав Јовчиќ.

На 17 мај, Владата на Република Српска прогласи вонредна состојба.