Седумнаесетгодишна девојка застрелана во училиште во САД

Седумнаесетгодишна ученичка е смртно застрелана во средата во средно училиште во градот Бирмингем во американската сојузна држава Алабама, веројатно од ненамерни истрели од огнено оружје при што е ранет уште еден тинејџер, соопшти на прес-конференција шефот на полицијата Орландо Вилсон.

Според него, инцидентот се случил во училишната зграда по завршувањето на часовите, „кога со повреди од огнено оруже се здобиле темнокож тинејџер и темнокожа девојка, и двајцата на 17 години“. Вилсон, исто така, додаде дека девојката починала. На прашањето колку истрели имало, тој одговори „Во моментов имаме информации за двајцата настрадани, и знаеме дека се здобиле со огнострелни рани, така што ќе речем дека имало најмалку два истрела“.

„Во овој момент претпоставуваме дека огнот бил отворени случајно. Ќе се придржуваме до ова мислење додека на добиеме други информации како резултат на истражните дејствија“, додаде Вилсон посочувајќи дека ќе се прегледуваат надзорните камери во училиштето.

Локалните медиум, меѓу кои и порталот AL, повикувајќи се на свои извори, наведуваат дека огнот бил отворен случајно, кога тинејџерот ѝ го покажувал оружјето што го поседувал. Но Вилсон одби да го потврди или негира овие наводи.

„Не тврдиме дека тој пукал во неа, не тврдиме дека тој не пукал во неа, точно ќе утврдиме што се случило во текот на истрагата“, одоговори полицискиот шеф на прес-конференцијата.

Порталот, исто така, наведува дека во пукањето биле повредени вкупно три лица, но и оваа информација не е официјално потврдена.

Овој смртоносен инцидент во САД се случи во екот на повторно разгорената јавна дебата за поседувањето и носењето огнено оружје, откако во градот Паркленд на Флорида 19-годишник уби 17 луѓе во средното училиште од коешто бил избркан.