Седумнаесетгодишник застрелал едногодишно бебе

Седумнаесетгодишник застрелал едногодишно бебе. Бебето било однесено во Медицинскиот Центар во Кичево, со прострелна рана во пределот на десната натколеница, нанесена од огнено оружје.

Од преземени мерки полицијата утврдила дека истиот ден во 12.30 часот на ул. „Васил Главинов“ во Кичево, во семејната куќа на Р.М. седумнаесетгодишник со пиштол, сопственост на Н.М. кој го поседувал со дозвола, во еден момент испукал еден куршум, повредувајќи го детето во пределот на десната натколеница.

По укажаната лекарска помош, поради сериозноста на повредите, бебето е пренесено во Ургентен Центар во Скопје.

Извршен е увид на местото на настанот и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.