Седумте достигнати врвови

Дваесет и петте изминати години од искачувањетo на првата македонска експедиција на Монт Еврес, повод синоќа во Битола професорот д-р Сашко Кедев истакнат кардиохирург познат по својата пасија освојување планински врвови, одржа презентација пред битолските планинари за седумте секој на својот континент највисок врв. Вели,  планинарството е спорт кој најмногу ги отвора видиците за иднината сегашноста, но и минатото и повеќе е од бенефит за менталниот отколку за физичкиот развој на човекот, додава дека Битола е многу богат град.

Професорот д-р Сашко Кедев рече дека ретко каде има град во светот со вакви предиспозиции и прености имајќи на дофат еден таков врв висок 2600 метра надморска висина и Битола треба да го унапредува тој дел и Пелистер да го направи подостапен.

Овој период неговото хоби ќе паузира вели посветен сум неколку години на професијата како кардиолог. Недоамна се вратил од Индија каде покрај интервенции имал и предавања, нешто што го сврстува на некој начин како нов искачен и достигнат врв во животот за кој вели, животот е качување и достигнување.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.