Шефот на австриската дипломатија во посета на Македонија

Сојузниот министер за Европа, интеграција и надворешни работи на Република Австрија Себастијан Курц денеска ќе престојува во работна посета на Република Македонија.

Курц ќе има средба со шефот на македонската дипломатија Никола Попоски, по која ќе следуваат изјави за медиумите.

Пленарни разговори во Министерството за надворешни работи ќе имаат и  делегациите на двајцата министри.