Шефот на ЦИА предупреди: САД треба да внимаваат на хакерски напади од Русија

Директорот на ЦИА Џон Бренан предупреди дека Русија има „исклучително големи и усовршени способности“ да извршува хакерски напади и оти САД треба да внимаат на нив. 

Во интервју за Си-Би-Ес на прашањето дали Русија се обидува да манипулира со претседателските избори во САД, Бренан не даде директен одговор, но напомена дека ФБИ ги истражува неодамнешните упади во компјутери на Националниот комитет на Демократската партија.

Освен тоа шефот на ЦИА го посочи, како што рече „агресивното собирање на разузнавачките информации од Русија“.

– Сметам дека треба да сме мошне внимателни кон она што Русите може да се обидат да го постигнат при собирање информации во киберпросторот, како и кон тоа што тие би сакале да го постигнат на тој начин, додаде тој.