Шефот на FBI вети дека ќе објави евентуално мешање во истрагата за наводната поврзаност на Русија и кампањата на Трамп

Ендрју Меккејб

Вршителот на должноста директор на американското Федерално биро за истраги (FBI) Ендрју Мекејбво четвртокот во дека Разузнавачкиот комитет на Сенатот ќе го извести за каков и да е евентуален обид за мешање во истрага на Бирото за наводната поврзаност на Русија и претседателската кампања на Доналд Трамп во изборите од минатата 2016 година.

Ендрју Меккејб како вршител на должноста застана на чело на FBI откако претседателот Доналд Трамп ненадејно во вторникот вечерта го смени дотогашниот директор Џејмс Коми. Сенатскиот комитет, исто така, ја истражува наводната руска вмешаност во ланските американски претседателски избори

Демократите кои инаку го критикуваат жестоко сега веќе поранешниот директор на Бирото, во четвртокот во Сенатот и официјално побараа од министерството за правда поединости за какви и да се дополнителни средства кои Коми можел да ги бара во истрагата за можни врски на Русија и кампањата на Трамп.

Демократскиот сенатор и член ба Разузнавачкиот комитет на Сенатот, оцени дека рускиот обид за мешање во изборите во странски земји е на самиот врв на безбедносните закани во светот.

„Директната вмешаност на Русија во демократските процеси во светот претставува директен напад и мораме заеднички да работиме да го одбиеме тој напад“, изјави сенаторот Марк Варнер.

Официјална Москва веќе не реагира на ваквите обвинувања од САД, кои доаѓаа по наводните руски хакирања на серверите на Демократската партија чијашто кандидатка Хилари Клинтон неочекувано беше поразена од  Доналд Трамп. Претходно руските челници неколкупати ги отфрлаат ваквите обвинувања во