Свет

Шефот на лондонската полиција: Прашање на време е кога ќе има напад

Шефот на лондонската полиција: Прашање на време е кога ќе има напад

Велика Британија неможе во целост да биде заштитена од тероризмот и за напад  сличен на оние што неодамна се случија во Европа е само прашање на време, вели денес шефот на лондонската полиција.

Предупредувањето од шефот на Метрополитен полицијата Бернард Хоган Хоу ја објаснува постоечката процена за нивото на сериозна закана од меѓународниот тероризам и до него доаѓа по низата напади во Германија и Франц ија, од кои некои се поврзани и со исламски милитанти.

Според зборовите на Хоган Хоу луѓето во Британија се повеќе се загрижени дека тие ќе бидат следни на удар.

Го чувствувам и го разбирам тој страв и како полициски службеник задолжен за спречување на таков напад затоа што знам дека сакате да ве разуверам во врска со тоа. Се плашам, меѓутоа, дека неможам тоа да го сторам во целост, вели шефот на лондонската полиција на неговиот блог што  беше објавен од страна на Меил он Сандеј.

Нивото на закан веќе две години е означено како „сериозно“ и такво останува. Тоа значи дека нападот е мошне веројатен – може да се рече дека прашањето е „кога, а не како“, вели Хоган Хоу.

Новиот британски министер за безбедност Бен Волас рече дека се состанал со сопствениците на најголемите трговски ц ентри ви земјата за да разговара за новните сигурносни планови.