Македонија

Шефот на македонската дипломатија во посета на Индија

Шефот на македонската дипломатија во посета на Индија

Министерот за надворешни работи, Никола Попоски, денеска и утре, ќе оствари официјална посета на Индија.

Во рамки на посетата, министерот Попоски ќе оствари средби со високи претставници на индиската Влада. Предвидени се средби со министерот за надворешни работи Салман Куршид, државниот министер за надворешни работи, Пренит Кор, како и министерот за трговија и индустрија, Ананд Шарма.

Воедно, министерот Попоски ќе ги презентира нашите економски капацитети и поволности за инвестиции и водење бизнис пред една од двете најголеми стопански комори на Индија.

Оваа посета на министерот Никола Попоски претставува уште една можност за унапредување на политичкиот билатерален дијалог, како и натамошно продлабочување на соработката  помеѓу Македонија и Индија во сите области од заемен интерес.