Русија подготвува контрамерки поради одземената дипломатска сопственост во САД

Зградата на руското Министерство за надворешни работи во Москва, © Артем Коротаев/ТАСС

Руското министерство за надворешни работи во вторникот објави дека Москва си го задржува правото да преземе противмерки против САД по неуспешниот состанок во Вашингтон за враќање на владеењето на одземената руска дипломатска сопственост на американска територија.

Официјална Москва претходно извести дека многу нешта во билатералните односи ќе зависат од исходот на состанокот меѓу заменикот на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Рјабков и американскиот државен потсекретар Томас Шенон, кој во понеделникот разговараа за овој дипломатски спор.

Меѓутоа, во соопштението на руското министерство за надворешни работи објавено во вторникот се наведува дека решението на проблемот сѐ уште не е пронајдено.

„Руската страна на состанокот јасно кажа дека доколку Вашингтон не престане со континуираното опструирање на работата на руските дипломатски институции, го задржуваме правото да преземеме противмерки кои ќе се темелат на начелото на реципроцитет“, се наведува во соопштението.

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров пред една седмица изјави дека администрацијата на поранешниот американскиот претседател Барак Обама на заминување се обидела „максимално да ги затруе американско-руските односи“ кога во декември 2016 година ги затвори резиденцијалните комплекси на руската дипломатска мисија во сојузните држави Њујорк и Мерилен.

Обама, исто така, протера од САД 35 руски дипломати, под обвинување за наводно руско мешање во американските претседателски избори, за што Москва сѐ уште очекува докази и вели дека станува збор за резултат на политичките превирања и битки во САД.

Покрај протерувањето на руските дипломати од Вашингтон и Сан Франциско, администрацијата на Обама воведе санкции руски организации и поединци, вклучително и безбедносно разузнавачките служби, во прв ред военото разузнавање ГРУ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.