Сега имате можност да купите стан во Маврово

 

Секојдневните обврски и големиот стрес коi ни ги носи секојдневието, преголемата загаденост особено во зимскиот период, нè тераат да размислуваме, буквално секој викенд , каде да заминеме за да се релаксираме и да собереме енергија за следните животни предизвици.

Како најчеста дестинација го одбираме Маврово, пред сè поради блискоста со Скопје и околните градови, прекрасната шумска вегетација, големиот избор на патеки за скијање и останати спортски содржини.

2

Сега за прв пат кај нас имате можност да купите стан во нашиот најубав национален парк. Пелагонија АД Гостивар пред нецела година започна со градба на првиот станбен комплекс во Маврово кој нуди 105 апартмани со големина од 30 до 50 м2 .
Станбениот комплекс се наоѓа на една од најубавите местоположби во Маврово, на само 150 метри од ски лифтот кој води до ски терените и бачилото. Апартамните се со одличен поглед кон Мавровското езеро и бујната вегетација и густата шума. Цената на апртманите започнува од 550 евра за м2 и се движи до 780 евра.

3

За повеќе информации посетете ја веб страната на комплексот www.stanovimavrovo.mk или пак фејсбук страната https://www.facebook.com/stanbenkompleksMavrovo/

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.