Ристовски: Сега може да размислуваме за Катар

Првиот голман на „црвено – жолтите” Борко Ристовски одлично се претстави на реваншот со Грција. Тој истакна дека е задоволен од успеехот на репрезентацијата и дека сега може да се размислува за Катар.

„Од поранешна Југославија сите репрезентации освен Србија и Црна Гора се пласираа на СП, мислам дека тоа ни олеснува да добиеме еден од тие противници во групата и да собереме уште некоја победа. Премногу е рано за прогнози, треба да се подготвиме, да се корегираме во многу работи, и што поподготвени да го дочекаме првенството. Да не се залетуваме како минатит пат, чекор по чекор, цврсто да одиме по земја, се со ред, сега ќе размислуваме за СП, а потоа за тие квалификаци и пласман во Рио на Олимписките игри”, изјави Ристовски.