Сега политички фактор е само црвено-жолта Македонија

И од што се урсани, ете ги кај го извадија сценариото В. Оти Б експресно им пропадна. Немало да влегуваат насилно во Собранието!? Ќе ги активирале малите ноќни поглавички разговори!? Со олеснувачи, разбира се. Додека се крчка „идејава“ на европскиве лејки, а пред оваа глупост да им се види рационална за излегување од пиздаријава на македонските политичари и нивната експертска свита, многу добронамерно ќе потсетам на моментната ситуација. Оти да нема после не знаевме, не сме се разбрале, тоа, ова. Морално беше, Пиги! Ме притиснаа, сила бога не моли, сега веќе не игра! Kако прво, Шумарот веќе втрча на теренот. Со тоа пржинскиот натпревар е прекинат со службен резултат во корист на Шумарот. Ова е народен „егзекјутив ордер“ без Уставен суд, кој се прогласи за екстериторијален, односно во егзил. Со ѓоа влада и ѓоа Собрание. Партиите се во соблекувални. Судиската тројка е љубезно изнесена надвор од теренот. Исходот се знае: Ќе се игра нов натпревар откако Шумарот ќе воспостави ред, поредок, ќе утврди правила на играта, на легален конкурс ќе избере екипи, тренери, судии. Без протекции и врски. Ајде да појаснам за политичките курсисти во партиите што сакаат да владеат со Македонија. Оти ова добро го знае секој учесник во тековните демонстрации: партиите и нивните поглавици не се веќе главен политички фактор во Македонија. Фактор е македонскиот народ, лојалните државјани на Република Македонија од сите етникуми кои како малцинства живеат под македонско небо. Тие се владетелите и стопаните на државата. Македонскиот народ не сака повеќе да договара, преговара и разговара со неписмени дивјаци од западното европско поднебје за теми и прашања кои се наши внатрешни, а уште помалку за тоа како ќе си ја уредиме, за кого смееме да гласаме, кога ќе гласаме и кога ќе се попишеме, како ќе ја викаме државата, како ќе се самопрепознаваме сите ние, на кој јазик ќе говориме службено и неофицијално. Штом досега не се најде политичар да го повика народот во одбрана на државата како што е ред, со повик „по мене јунаци“, сега фино сите четворица ОД ПРЖИНО ќе си статираат и ќе чекаат одназад конкурс на кој суверенот, Шумарот, ќе избира свои служители. На фино организирани избори и локални и парламентарни. Без помошта од ОБСЕ и оценките на „трансџендерот“ Прибе Шеќери моментално бонбона-експерт за откривање геноцидни народи, мониторингот на МОСТ, преку кој се перат мафијашки пари, надзорот на некоја шуша Бејли и лобирањето на профитери од подземјето на ЕУ. На тие избори ќе се натпреваруваат нормални партии, а не криминални гангови. Откако ќе им земе мерка, црвено-жолтата Македонија ќе им утврди психофизички и умствени капацитети на кандидатите, ќе им измери поштење. Море, ќе ги истресе од гаќи како што на аеродроми проверуваат потенцијални терористи или кариеристи профитери. Со други зборови, ќе им стегне политичка евалуација каква што досега не виделе ни УKИМ ни интелектуално автономна Мала Речица. Па кога ќе се попишеме без надворешни интервенции, а со отпечаток од прст, плус биометрија, имотни листови, уредна документација за имот, градба, даноци, ќе тргнеме во уставна и законска генералка, кадровско чешлање во сите правци, собирање на сметот на ура, темелна дезинсекција во судството, МВР, АРМ и МНР. За државните и националните големи теми што ги засегаат темелите на државната градба фино ќе се организираат референдуми за своето да го каже суверенот. Политика во затворени естаблишментски мочвари нема да има. Странци што Македонија ја замислуваат како свој приватен имот ќе летаат со клоца во газот. Домашни контракторски наемници и спонзоруши, такуѓере.

Не можело така? Е, богами овој пат „морално е“. Ова е НОБ, бре! Четврти Илинден! Во Македонија се крчка втор АСНОМ: Јасно? Ова општество нема повеќе да толерира лажни елити, неграмотни интелектуалци, глупи и алчни политичари, самобендисани експертутки, неписмени, а корумпирани ПРЕСтитутки, кодоши и агенти одметници, административни полуинтелигенти, партиски устоличени академици, искомпромитирани владици, воинствени оџи, маскирани учки, демаскирани балисти, соросоиди, недоправени суштества без интегритет, а со тешки карактерни нарушености. Kако она скороевичко копито што со пари ги купи деканатот и професорите на „Јустинијан Први“ за да стекне козметички статус на ѓоа умен, а со пари мисли дека ќе го поткупи и Господ Исус Христос оти изградил црква во своја егоцентрична слава. Тој де, Трифун, градоначалникот на Скопје, кој сакаше да ги протера скопјани оти не биле бечлии, а сега реши да ги подели Македонците на подобни и неподобни како Јан Смит во Родезија на бели и црни, на егејски Македонци емигранти и автохтони балисти, со кои е во соживотно партнерство. Речит и бистар како што му е и сосељанката Kатица Јанева и лепотанот Kрасниќи ни кажа кој каде смее да дејствува политички. Ебате авторитетот тетовиран во дебелото му мозочно црево! И неговиот и оној на колегата по интелигенција и морал, Перо Штикла, кој со светоглед на гребло кое нагло се истоварило во цивилизацијата, ги перципира уметниците што си ја сакаат Македонија како стока што се смирува со зоб. Знае Гошев по себе. Така и евалуира други на кои тој сосе штикли не им е ни до колена. Него Милошевиќ и генерали на ЈНА, а подоцна и кој стигна, со празна слама го држеа на узда да врти крукчиња околу гумно.

Сиот овој џган кој две години нахално парадира против Македонија и македонскиот народ, на крајот на епопејата ќе заврши како токсичен отпад во „Дрисла“. Поточно, како срамна енциклопедиска одредница во пучираната Македонска енциклопедија што се чува во занданата на МАНУ. Kако антиисториски инцидент, диво месо на националниот колективитет и малиген општествен тумор. Оти во неа ќе е содржан и овој тековниот историски попис што се прави на илјада години еднаш. Секој од оваа генерација тукушто го остава својот личен и единствен, а неизбришлив во времето отпечаток.

Мирка Велиновска за ДНЕВНИК

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.