Спорт

Сега Руни го спаси Дејвид Мојес

Сега Руни го спаси Дејвид Мојес

Освен во Лигата на шампиони, фудбалерите на Манчестер Јунајтед најпосле го покажаа вистинското лице и во англиската Премиер лига.Иако ја немаа помошта на холандскиот интернационалец Робин ван Перси, избраниците на Дејвид Мојес најпосле одиграа без грешка во сите 90 минути и сосема заслужено со 2:0 го победија домашниот тим на Вест Хем.

Двата погодока на натпреварот беа дело на брзоногиот напаѓач, Вејн Руни, но првиот беше вистинско ремек дело, со лоб од околу 40 метри. Пет погодоци во мрежата на Фулам, постигнаа фудбалерите на Манчестер Сити, а убедлив триумф од 6:3 на гостувањето во Кардиф, забележаа фудбалерите на Ливерпул, кои беа предводени од уругвајскиот интернационалец, Луис Суарез кој запиша нов нет-трик во својата кариера.

Денеска ќе бидат одиграни последните натпревари од 31. коло во англиската Премиер лига.
Тимот на Астон Вила важи за благ фаворит пред стартот на дуелот против екипата на Стоук, а далеку поголема борба и неизвесност до последниот судиски свиреж се очекува на дуелот помеѓу екипите на Тотенхем и Саутемптон.

Резултати: Кардиф – Ливерпул 3:6, Хал – ВБА 2:0, Манчестер С. – Фулам 5:0, Норвич – Сандерленд 2:0, Њукасл – Кристал Палас 1:0, Вест Хем – Манчестер Ј. 0:2, Евертон – Свонси 3:2.