„Сега знам“- нова книга од Зоран Пејковски

Деновиве, во издание на „Македонија Презент“ од Скопје, излезе од печат новата поетска книга „Сега знам“ од Зоран Пејковски.
Пејковски е поет,прозаист, драмски автор, театарски критичар и главен и одговорен уредник на неделникот „Јавност“ од Битола.

Неговата поетска книга „Сега знам“ му е посветена на прерано починатиот поет Љубе Цветановски. Стихозбирката содржи вкупно 32 песни поделени во шестециклуси: „Искушение на животот“,  „Твои сонувачи“, „Повторно ќе се вратиш меѓу нас“,  „Сакам да ја знам“,  „Осветување на темелот“ и „Не барај од мене“.

На крајот од книгата се објавени рецензиите за книгата: „Стихови за болката, вечното и вечноста“ од Панде Манојлов и „Минување низ татнежот на тишината“ од Петре Димовски.

Станува збор за интимна, исповедна и трогателна лирика која читателот воопшто не го остава спокоен и рамнодушен и на најубав можен начин уште еднашпотсетува и го враќа споменот на ликот и делото на истакнатиот поет, прозаист и патеписец Љубе Цветановски.