Шехтански: Во Македонија имаме сериозна меѓуетничка криза

Албанските партии со овие провокации, воопшто не ги интересира состав на никаква влада, освен уривање на унитарноста на државата, изјави претседателот на ТМРО, Ванчо Шехтански.

Во продолжение интегрален текст од изјавата на Шехтански:

Кризата во Македонија е најмалку политичка, и се поочигледно е дека имаме сериозна меѓуетничка криза. Се албанската платформа е отворено против унитарниот карактер на Македонската држава, ги негира обележјата кои го изразуваат националниот Македонски карактер и со уцена сака да изврши искривување на историската вистина, сакајќи на Балистичките злосторници кои ја опустошија западна Македонија, Македонскиот народ да им се извини.

Јасно е дека Албанските партии со овие провокации, воопшто не ги интересира состав на никаква влада, освен уривање на унитарноста на државата, а настаните недвосмислено упатуваат на меѓуетничка криза, во која Македонците треба да покажат национално единство за зачувување на виталните Македонски интереси на Македонската држава- изјави претседателот на ТМРО Ванчо Шехтански.