Сеирот на Шилегов за Куманово предизвика гнев кај граѓаните

Портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов, на својот Фејсбук профил денес објави статус во кој се исмева со денешните трагични настани.

silegov-skandall

Шилегов во битката за политички поен покажа големо непочитување кон полицајците кои застанаа во одбрана на Македонија и ги ризикуваат сопствените животи.

Еве што напиша портпаролот на најголемата опозициска партија која претендира да дојде на власт:

„Како мал не му давале да си игра ‪#‎камај, па сега мора тоа да го изживее.

Не знам дали му кажале, дека во #камај имаше и еден термин кога ќе те фатат.

Тогаш на фатениот му се се викаше ‪#‎жив…“
Шилегов денес се исмеа со полицајците кои ја бранат државата, за што доби голем број негативни коментари на неговиот пост.

slika

Во вооружените престрелки денес се тешко повредени голем број на полициски службеници кои ги ризикуваат своите животи да ја одбранат Македонија.